Николовски: Владата инвестира стотици милиони евра во спортска инфраструктура

Сериозно сме посветени на спортот и правиме се што е во наша можност да создадеме спортска инфраструктруа и да им дадеме шанса на сите што сакаат да се занимаваат со спорт, рече потпретседателот на Владата Александар Николоски на отворањето на Првиот регионален спортски самит – Скопје 2025.
“ Имаме сериозна програма која втора година по ред ја правиме во рамки на локaлната самоуправа со која минатата година инвестиравме стотина милиони евра во општнинте, оваа година одиме со 250 милиони евра и тоа ќе продолжи во годините пред нас каде што сериозен дел има и инфраструктурата во спортот.
Нема населено место во кое не носиме спортска инфраструктура и мислам дека тоа е основата затоа што младите генерации ќе можат да практикуваат спорт и со тоа да им дадеме шанса. Паралелно со тоа во тек се неколку законски измени со кои што треба да овозможат сериозни финансиски олеснувања од една страна и од друга страна сериозни инвестиции, на начин што државата ќе одели дел од средствата и ќе ослоободи даноци за оние кои ќе инвестираат во спортот. Таа синергија меѓу инфраструктурата и можноста на инвестирање во спортот ќе даде резултати. Она што е значајно за нас како Влада е да ја држиме политиката надвор од спортот”- се обрати потпретседателот на Владата, Александар Николоски.
10.09.2025 - 11:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа