ВИДЕО: Две лица се спасени од покрив на потопена куќа во Италија, објавена снимка од спасувањето
Најмалку девет лица загинаа, а неколку се водат за исчезнати откако поројниот дожд го зафати северниот италијански регион Емилија-Ромања, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето. Околу 10.000 луѓе беа евакуирани, а некои граѓани мораа да бидат извлечени од покривите со хеликоптери.
Властите соопштија дека 14 реки се излеале од коритата, поплавувајќи 23 градови. Градоначалникот на Равена изјави дека неговиот град сега е непрепознатлив.
Трката за ГН на Формула 1 викендов во Имола, град блиску до многу од најтешко погодените области, беше откажана во обид да се намали притисокот врз службите за итни случаи и да се спречат љубителите на трката да се соберат во погодениот регион.
Италијанската крајбрежна стража објави видео како спасуваат двајца постари лица од покривот на потопена куќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа