Видео: Деми Мур проговори за состојбата на Брус Вилис

Во март минатата година семејството на Брус Вилис објави дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција, а неколку месеци подоцна се зборуваше дека неговата состојба се влошува.

Поранешната сопруга на Вилис, актерката Деми Мур, сега проговори за неговата состојба во „Добро утро Америка“.

„Мислам дека, со оглед на околностите, му оди многу добро“, рече Деми.

Таа откри и како ги теши ќерките, Талула, Скаут и Румер.

„Она што ќе го споделам е она што исто така им го кажувам на моите деца, а тоа е дека е важно да им излезам во пресрет и да не се држат за она што не е, туку за она што е, бидејќи од тоа произлегува голема убавина и сладост, љубов и радост“, истакна таа во емисијата.

01.02.2024 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега