ВИДЕО: Белгиец ја лажирал својата смрт за да види што мислат за него роднините, на погребот се појави со хеликоптер

 

 

Дејвид Баертен (45) со помош на неговата сопруга и децата решил да приреди лажен погреб за пријателите и членовите на семејството за да открие што навистина мислат за него.

За да ја рашири веста за смртта на Бартен, едно од неговите деца се огласило на социјалните мрежи за да му оддаде почит на нивниот татко.

Ќерката напишала: „Почивај во мир тато. Никогаш нема да престанам да мислам на тебе. Зошто животот е толку неправеден? Зошто ти? Ти требаше да бидеш дедо и уште цел живот го имаше пред тебе. Те сакам! Ние те сакаме! Никогаш нема да те заборавиме“.

На погребот, кој се одржа минатиот викенд во близина на градот Лиеж, присуствуваа многу пријатели и членови на семејството облечени во црно.

Сите чекаа да почне церемонијата, но наместо тоа ги пречека хеликоптер кој требаше да слета.

На видеото објавено на „Тик-ток“ од страна на еден од присутните на погребот, Бартен излезе од хеликоптерот, а потоа беше пречекан од ожалостените.

Некои од семејството и пријателите на Бартен се гледаат како трчаат кон него на видеото, додека други остануваат збунети.

Тој рече дека ја лажирал својата смрт за да види како ќе реагира неговото пошироко семејство и рече дека се чувствувал „потценет“ од нив.

„Често ме повредува она што го гледам во моето семејство, никогаш не ме канат на ништо. Никој не може да ме види. Сите се разделивме. Се чувствував неценет. Затоа сакав да им одржам животна лекција и да им покажам дека не треба да чекате некој да умре за да се сретнете“, вели тој.

@el.tiktokeur2 Tu nous as eu on t aime mon ami on est content que tu es parmis nous #pourtoii #fyp #fypシ @Ragnar_le_fou ♬ son original - Thomas faut

14.06.2023 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега