ВИДЕО: Ал Наср го претстави Роналдо
Кристијано Роналдо денес е промовиран во Ал Наср каде што пристигнува како слободен играч откако претходно го раскина договорот со Манчестер Јунајтед.
Многумина го означија трансферот на Роналдо во Саудиска Арабија како крај на неговата кариера, но Португалецот не мисли така. Роналдо смета дека неговата работа во Европа е завршена, а откри и дека имал понуди од многу држави.
„Трансферот на Блиски Исток не е крај на мојата кариера. Среќен сум што сум тука. Знам дека лигата е конкурентна, сум гледал многу мечеви. Горд сум што ја донесов оваа голема одлука за моите кариера и живот. Мојата работа во Европа е завршена, играв за најзначајните клубови и освоив се. Имав многу понуди, од Европа, Бразил, САД, Австралија, па и од Португалија, но му дадов збор на овој клуб“-изјави Роналдо.
Ал Наср не ги објави финансиските детали, меѓутоа новинарите открија дека Роналдо ќе игра за 200 милиони евра по сезона. Португалецот со својот одговори практично ги потврди таквите информации.
„Горд сум на чекорот кој го превзедов. Играв во најголемите клубови ширум Европа и сакам да и се заблагодарам на Саудиска Арабија за шансата која ми ја укажаа, шансата за нов предизвик. Јас сум уникатен фудбалер, затоа и договорот е таков. Моето семејство е среќно со одлуката која ја донесов, ја имам нивната поддршка“.- рече Роналдо.
Walks of the greatness pic.twitter.com/7FzLZSchQ5
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) January 3, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа