Ванковска забави но денеска ќе стигне до целта - Јакимовски има уште доста работа
Ванковска малку забави но се чини дека нема да има проблем да стигне до целта во постаката на собирање потписи. Нејзиниот дневен просек вчера благо се намали на 1200 потписи кои вчера во 20 часот ја донесоа до бројката од 9085. Тоа значи дека веројатно денеска и таа ќе им се приклучи на останатите кандидати во трката за Претседател. Таму веројатно ќе стигне и Јакимовски кој вчера имаше 7.994 потписи или околу 2.000 до целта.
Останатите кандидати се чини немаат шанси. Само Вело Марковски е над 1000 потписи додека сите останати имаат занемарливи бројки.
Во изборната трка веќе влегоа Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски кои заедно со кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Силјановска и Пендаровски ќе бидат понуда за претседателските избори.
Рокот за собирање на потписи истекува на 8 март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа