Ужас во Куманово: 41-годишник допирал малолетничка
Четириесет и едногодишен кумановец бил приведен под сомнение дека допирал по тело малолетничка.
Вчера во 05.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Ш. (41) од Куманово поради сомнение дека допирал по телото малолетничка од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Тој бил приведен во полициска станица и, како што додаваат од кумановската полиција, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
22.11.2024 - 13:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа