Утре координација на пратеничката група на СДСМ за интерпелацијата на Гаши

 

СДСМ утре ќе има координација со пратеничката група на која ќе донесе став за интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши.

Како што изјави денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче, координацијата треба да се одржи околу 10 часот.

- Ќе дозволите тоа да не биде мој личен став, туку на пратеничката група, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по собирот што го организира неговата патија за зголемување на платите на просветните работници.

Собранието за 3 септември ја закажа седницата на чиј дневен ред е интерпелацијата на Гаши, поднесена од пратениците на Левица. 

01.09.2024 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега