Украинките повикани на воена служба од 1 октомври

 

Украинките кои се регрути мора да се пријават за воена служба од 1 октомври, но нема веднаш да се применат казнени мерки за оние кои нема да го сторат тоа, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на украински медиуми.

„Жените регрути ќе мора да се пријават за воена служба од 1 октомври. Тоа се државјани на Украина чии специјалности се вклучени во списокот на регрути. Строги санкции нема веднаш да се применуваат за жените кои не се пријавиле“, објави агенцијата УНИАН, повикувајќи на Фјодор Вениславски, член на Комитетот за национална безбедност на Врховната Рада на Украина.

Претходно, Генералштабот на украинската армија соопшти дека жените ќе бидат вклучени во воената евиденција само со нивна согласност, пренесе Танјуг.

18.08.2022 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега