Украина соопшти дека нема доволно опрема за да започне контраофанзива
Игор Жовква, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател, изјави дека Украина нема доволно воена опрема за да започне контраофанзива против Русија.
„За да започнете контраофанзива, чиј резултат е ослободување на украинските територии, потребни ви се доволно артилериски системи и муниција. Ви требаат оклопни возила и тенкови. Сакаме оваа контраофанзива да биде што е можно поуспешна“, рече соработникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој рече дека Зеленски ги посетил европските соседи, како и Велика Британија, Германија и Италија со „главна цел да побара дополнителна воена помош“, пренесува Скај Њуз.
– За жал, нивото на опрема што го имаме се уште не е доволно за да започнеме контраофанзива, потенцира Жовква.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа