Уапсен Салван Момика поради палење примерок од Куранот
Норвешката полиција го уапси ирачкиот активист и организатор на собири за палење примерок од Куранот, Салван Момика и ќе го депортира во Шведска.
„Депортирањето ќе биде извршено веднаш штом ќе се создадат формални и практични услови“, се наведува во пресудата на Окружниот суд во Осло.
Се забележува дека Момика е уапсен на 28 март, откако за шведските медиуми изјавил дека отишол во Норвешка да побара азил, бидејќи „Шведска не го почитува“, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.
04.04.2024 - 22:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа