Ужас во Британија: Професорка останала бремена од нејзин ученик
Професорка е прогласена за виновна за сексуално искористување на двајца тинејџери на кои им предавала во нивното средно училиште во Велика Британија. 30-годишната Ребека Џојнс ја дочека пресудата на слобода, но беше суспендирана од работа во училиштето.
Британските медиуми јавуваат дека Џојнс веќе била суспендирана и пуштена со кауција поради секс со 15-годишен ученик, идентификуван во пресудата како Момче А, кога почнала да има секс со друг ученик, момче Б, со кој подоцна останала бремена, пишува „Independent“.
На судот му било кажано дека и двете момчиња и праќале флертувачки пораки на „Snapchat“ пред таа да ги покани во нејзиниот стан.
Во случајот со првото момче, таа му го дала телефонскиот број, а како вежба за решавање проблеми, тој морал да ја погоди последната цифра. После тоа се поврзале на Снепчет и тој и праќал пораки во кои парот се договарал да се сретнат тајно.
Таа потоа го однела на шопинг и му купила скап појас. Полицијата подоцна ја пронашла неговата сперма во нејзината постелнина. Второто момчпе кажало дека врската со професорката започнала со бакнежи кога имал 15 години и со сексуални односи кога наполнил 16 години.
Џојнс пред судот се бранеше дека доживеала „нервно растројство“ кога била суспендирана од работа, по полициската истрага, и се вратила кај нејзините родители.
Џојнс на суд тврдеше дека никогаш немало сексуална активност со првото момче и дека врската со второто момче се развила додека таа била суспендирана од работа.
Таа плачела додека им кажувала на поротниците дека бебето што го родила и е одземено неколку часа по раѓањето и сега ѝ е дозволено да го гледа детето само три пати неделно. Таа беше прогласена за виновна по шест точки од обвинението за сексуална експлоатација на малолетници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа