Русија: Ако Сеул испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва
Русија ќе одговори доколку Јужна Кореја го испрати своето оружје во Украина, а таквиот потег на Сеул би имал негативни последици за односите со Москва, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи, Андреј Руденко.
„Сеул мора да биде свесен дека евентуалната употреба на јужнокорејско оружје за убивање руски граѓани конечно ќе ги сруши односите меѓу нашите земји. Се разбира, ќе одговориме на сите начини на кои сметаме дека е неопходно“, изјави Руденко за ТАСС, пренесe „Известија“.
Тој истакна дека таквиот чекор веројатно нема да ја подобри безбедноста на Јужна Кореја и го повика Сеул внимателно да ја процени ситуацијата и да не презема „непромислени“ чекори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа