Тројца разголени стриптизери ѝ играа на пензионерка во пензионерски дом – таа доби срцев удар (ВИДЕО)

 

Видео снимено во домот за стари лица во Картагина можеби е направено со цел да се подигне свеста за најстарите граѓани и како и на кој начин треба да им се помогне, меѓу другото и како да се вклучат во секојдневниот живот, но, сепак, неконвенционалниот метод на „забавување“ на најстарите наиде на бурни реакции.

Шокантната снимка од стриптизери и стриптизерки во дом за стари лица кои ги ангажирала фондацијата „Una Mano Amiga“, би поминала без некое внимание на социјалните мрежи, ако играњето и голотијата не довеле до „срцев удар“ на една корисничка на домот за стари лица.

„Не очекував дека ќе се случи ова. Навистина сакав да ги забавуваме и многу ми е жал поради оваа непријатна ситуација“, напишала стриптизерката Надја Картагина, која била на настапот во домот за стари лица.

Имено, на снимката откако три разголени мажи играле околу жената, наеднаш ѝ се слошило и морала да реагира брзата помош. Кратко откако видеото стана популарно и е проследено со негативни и бурни реакции, Надја веднаш одговорила дека видеото е „наместено“, но дека тоа било со некаква цел.„Сето ова го „наместивме“ за градоначалникот да види во какви услови живеат нашите најстари граѓани. Никој не правеше нешто против своја волја. Сè што сакам е да им помогнам на луѓето“, заклучила таа.

Сето ова го „наместивме“ за градоначалникот да види во какви услови живеат нашите најстари граѓани. Никој не правеше нешто против своја волја. Сè што сакам е да им помогнам на луѓето“, заклучила таа.

13.10.2022 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега