Тренчевска: Прекувремената работа дури и со согласност нема да биде толку голема, градежништвото зависи од временските услови

 

Прекувремената работа дури и со согласност нема да биде толку голема затоа што градежништвото зависи од временските услови, а ограничувањата за работа на високи и ниски температури важат за сите, па и за градежните работници и токму затоа не се дефинира горна граница на работни часови, смета министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Затоа, како што вели таа, нема ништо неуставно.

Тренечвска во емисијата „24 анализа“ на „ТВ 24“ се осврна и на собраниската расправа за Законот за работни односи, па посочи оти останува на тоа дека законот е во рамките на Уставот.

Министерката се надева дека времето ќе покаже оти стравовите за безбедноста на работниците, бргу ќе исчезнат, затоа што „Бехтел и Енка“, како што посочи, е, сериозна компанија.

Таа информираше дека во тек се огласите за работа и оти сите кандидати ќе минат низ систематски здравствен преглед.

Посочи дека на Економскиот совет се зборуваше да се намалат платите на функционерите и додаде дека  функционерите не си ги зголемија платите самите, туку тоа го стори Уставниот суд, 

- Одлуките на Уставен суд мора да се почитуваат. Досега зедовме една зголемена плата. Ќе најдеме решение за оваа ситуација и тоа ќе биде решение за сите работници вклучително и функционерите, а тоа ќе биде системско решение. Ние како Влада сме расположени да разговараме и да преговараме со работниците за платите, потенцира Тренчевска.

22.05.2023 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега