Трагедија во Франција: Мајка и седум деца загинаа во пожар
Мајка и нејзините седум деца на возраст од две до 14 години загинаа во пожар што ја зафатил нивната куќа во северна Франција, соопштија полицијата и пожарникарите.
Пожарот избувнал нешто по полноќ во семејната куќа во градот Шарли-сур-Марн, околу 80 километри источно од Париз.
Сопругот на жената, татко на три од децата, се здобил со изгореници и е хоспитализиран.
06.02.2023 - 13:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа