Тошковски: Ви гарантирам дека во март само во Скопје ќе се сликаат над 100.000 граѓани

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски гарантира дека во март повеќе од 100.000 граѓани ќе бидат фотографирани за документи само во Скопје. На носителите на власта им порача да ги убедат пратениците да ги изгласаат законските измени со кои ќе се овозможи на изборите да се гласа со стари документи

„Политичарите лажат, но бројките не лажат. Факт е дека бројките во однос на издавање на патни исправи се дуплирани од претходно. Во месец март, јас ви гарантирам дека само во Скопје ќе бидат фотографирани над 100.000 граѓани, но фактот е дека овој генерален проблем нема да го решиме во овој период.
А за желбата на Премиерот и на останатите добронамерници, ако сакат навистина да помогнат в овој процес, најмалку што треба да сторат е да влијаат на пратениците да го изгласаат овој закон в однос на 100.000 граѓани, на кои што ќе им биде прекршено уште едно човеково право, гарантирано согласно сите меѓународни акти.
 Значи ние флагрантно го кршиме правото на слобода на движење. Дајте флагрантно да не го кршиме и правото на глас“ – рече Панче Тошковски

07.03.2024 - 11:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега