Тошковски на Табановце: Во Србија може да се влезе со документи со „Република Македонија“

 

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски изутрината беше во посета на Граничниот премин Табановце за да ја утврди состојбата за влез во Србија.

 

Од страна на раководните полициски службеници на граничниот премин министерот беше известен дека сѐ се одвива во најдобар ред согласно утврдените правила и дека граѓаните без проблем можат да остварат излез од државата кон Србија и со оние лични карти кои се со името “Република Македонија“, но се важечки според датумот на важност испишан на нив.

 

Тошковски потенцирал декаграѓаните доколку бидат спречени да остварат излез, да добијат писмено образложение со причините за истото.

 

14.02.2024 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега