Тошковски: Канцеларија на управни служби во Жеровјане, ги приближуваме услугите до граѓаните

 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со дел од раководството на министерството денеска во Полициското одделение во Жеровјане пушти во употреба нова канцеларија на Управни служби на МВР која ќе ги опслужува жителите на Општините Брвеница и Боговиње.

„Денеска се наоѓаме во рамки на Полициско одделение Жеровјане, во кое отвораме нова канцеларија ја управни служби при Министерството за внатрешни работи. Овие управни служби ќе ги доближат услугите на МВР до сите граѓани коишто живеат во рамки на Општина Брвеница и Општина Боговиње. Зборуваме за околу четириесеттина илјади граѓани коишто ќе можат сите оние потреби како што се вадење на лична карта, пасош и возачка дозвола и сите останати услуги да си ги остварат многу поблизу до местото на живеење и своите домови. Ова е шеста новоотворена канцеларија и продолжуваме да го остваруваме она што сме го велите на нашите граѓани а тоа е приближување на услугите на МВР до секој еден македонски граѓанин. Отпочнавме со Јегуновце, продолживме со Липково, следуваа Сарај и Демир Капија и Желино и еве сега во Желино, продолжуваме со доближување на услугите до граѓаните. Продолжуваме и понатаму, не застануваме тука и верувам дека на секој еден македонски граѓанин во иднина да ги доближиме нашите услуги“, потенцираше Тошковски.

 
26.05.2025 - 19:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега