Том Круз не го засегаат коментарите за лицето
Том Круз се појави првпат откога фотографиите на кои присуствува на бејзбол-натпревар предизвикаа шпекулации дека има ставено филери на лицето или бил на пластична операција.
Актерот (59) беше забележан во средата како слетува во Лос Анџелес со својот авион со кој тој управувал, а потоа се одвезол со својот мотоцикл.
Слично направи и кога го гледаше натпреварот од серијата 2 на националната лига во Сан Франциско заедно со синот Конор Круз, но лицето на Том сè уште изгледа полно додека го приземјува авионот.
Иако фотографиите станаа вирални, па стана главна тема на твитови и таблоиди, Том не изгледа вознемирен од неодамнешните нагаѓања за неговото лице.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа