Тешка сообраќајка на патот Штип-Скопје: Сообраќајот е пренасочен по стариот пат
Тешка сообраќајка вечерва се случи на патот Штип-Скопје, штотуку информираа од АМСМ. Сообраќајот е пренасочен по стариот пат.
Се уште нема официјални информации од МВР за сообраќајката, ниту за повредени.
„Поради случена сообраќајна незгода од 20.20 часот сообраќајот Штип - Скопје е пренасочен по стариот пат“, стои во соопштението на АМСМ.
11.05.2023 - 20:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа