ВМРО: Како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авио компании
Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авио сообраќајот и да спомнува авио летови. Ова денеска го велат преку соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
- Можеби таа пасија доаѓа од прикажните дека нивниот идеолошки гуру, Зоран Заев, до скоро поседувал акции во една индиска авио компанија која пред кусо време беше продадена, а чии акции можеби сеуште постојат во една од постоечките авио компании. Ако ова е точно, добро е СДС да си провери чива била сопственоста и како нивниот сеуште неформален лидер стасал до авио компанија во Индија? Каква пак е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај? И како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авио компании?, прашува владејачката партија.
Од СДС нека си проверат, и нека одговорат, ќе ги поочекеме. Институциите не треба да чекаат. Сигурно работат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа