Тејлор Свифт стана милијардерка

 


По 17-годишна музичка кариера 
Тејлор Свифт официјално го достигна статусот милијардер. Форбс ја објави својата листа на славни милијардери за 2024 година, а Тејлор се искачи на 14-то место со богатство од 1,1 милијарда долари.


За тоа придонесе нејзината турнеја „Ерас“, инаку музичката турнеја со најголема заработка досега, а воедно и прва која надмина милијарда долари приход. Тука е секако и огромната заработка од нејзините шест албуми, а таа е една од ретките што тоа го постигнала само преку музика.

Листата на Форбс на познати милијардери во 2024 година:

Џорџ Лукас (нето богатство: 5,5 милијарди долари)
Стивен Спилберг (нето вредност од 4,8 милијарди долари)
Мајкл Џордан (нето вредност од 3,2 милијарди долари)
Опра Винфри (нето вредност од 2,8 милијарди долари)
Џеј Зи (2,5 милијарди долари нето богатство)
Ким Кардашијан (нето вредност од 1,7 милијарди долари) 7.
Питер Џексон (нето вредност од 1,5 милијарди долари)
Тајлер Пери (1,4 милијарди долари нето богатство)
Ријана (1,4 милијарди долари нето богатство)
Тајгер Вудс (нето вредност од 1,3 милијарди долари)
Леброн Џејмс (нето вредност од 1,2 милијарди долари)
Меџик Џонсон (нето вредност од 1,2 милијарди долари)
Дик Волф (нето вредност од 1,2 милијарди долари)
Тејлор Свифт (1,1 милијарди долари нето богатство)

 

Инаку, Џеф Безос пред еден месец ја врати титулата најбогат човек на светот, претекнувајќи го Илон Маск според индексот на милијардери на Блумберг. Нето богатството на основачот на Амазон беше 200 милијарди долари, а на Маск се проценува на 198 милијарди долари.

03.04.2024 - 22:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега