Техеран бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН

 

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги осуди нападите на Израел врз Иран денес, повикувајќи на максимална воздржаност од земјите-членки, додека Ројтерс ги пренесува најавите на дипломатите дека во текот на вечерта ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност.


Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН, наведувајќи во писмо дека „Израел ја преминал црвената линија и меѓународната заедница не смее да дозволи овие злосторства да останат неказнети“.

Иран го потврдува своето право на самоодбрана според член 51 од Повелбата на ОН и ќе одговори решително и пропорционално на овие нелегални и кукавички акти, рече Арагчи. Секоја воена ескалација на Блискиот Исток е за осуда, се вели во соопштението на Гутереш.

13.06.2025 - 19:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега