Судот забрани кремирање на телото на Марадона

 

Аргентинскиот суд одлучи дека телото на легендарниот Диего Марадона мора да биде сочувано за да се дозволи ДНК-анализа за сите негови случаи за одредување татковство по неговата смрт минатиот месец на 60 години.

Марадона беше погребан на 26 ноември на гробишта во близината на Бунеос Аирес и иако неговите законски претставници објавија дека веќе има примероци од ДНК на Марадона, судот одреди дека не смее да се дозволи кремирање на телото.

Марадона има пет деца што ги признава пред својата смрт, но се верува дека уште шест деца чекаат процедура за нивно признавање. Од тие шест, 25-годишната Магали Хил изјави дека дознала оти Марадона ѝ е татко пред само две години.

Марадона официјално призна пет деца – четири во Аргентина и едно во Италија, Диего Јуниор, кого го призна во 2006 година. Овие барања доаѓаат по почнувањето на процедурата за распределба на неговото богатство од проценети 100 милиони долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2020 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега