Столтенберг: Да не ја потценуваме Русија - имаат луѓе и оружје за долга војна

 

Руското раководство се подготвува за продолжена војна во Украина, така што сите земји-членки на НАТО кои го поддржуваат Киев мора да продолжат да обезбедуваат оружје за украинската армија додека (Владимир) Путин не сфати дека не е во состојба да победи на бојното поле. Ова го изјави за АФП генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг, пренесува БТА.

– Не треба да ја потценуваме Русија, таа планира долга војна – рече шефот на НАТО.

Според него, сè уште нема знаци дека рускиот претседател Владимир Путин се откажал од својата цел да добие контрола врз Украина.

– Гледаме дека тие (Русите) мобилизираат повеќе сили, подготвени се да поднесат многу жртви, се обидуваат да добијат повеќе оружје и муниција – додаде Столтенберг. Во овој контекст, тој изрази уверување дека Путин е подготвен да ја продолжи војната со нови офанзивни операции.

Сојузниците на НАТО, предводени од САД, испратија оружје во Украина во вредност од милијарди долари, а тоа му помогна на Киев да ја промени својата позиција во борбите, забележува Укринформ.

– Најверојатно, оваа војна ќе заврши на преговарачка маса, како и повеќето војни, рече Столтенберг. Во исто време, тој нагласи дека секоја одлука мора да го гарантира суверенитетот и независноста на Украина. Најбрзиот начин да се постигне тоа е да се поддржи Украина со оружје „за Путин да разбере дека не може да победи на бојното поле и мора да седне и да преговара со добра волја – потенцира Столтенберг.

 

17.12.2022 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега