Столтенберг бара повеќе оружје за Киев

 

 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг побара денеска во Давос да се испрати повеќе оружје во Украина.

„Ова е клучен момент во војната и помошта за Украина треба значително да се зголеми“, рече Столтенберг во интервју за Ројтерс, на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

„Ако утре сакаме мирно решение преку преговори, денеска мора да испратиме повеќе оружје“, нагласи тој.

На прашањето дали Германија ќе дозволи испраќање на нејзините тенкови „Леопард“ во Украина, Столтенберг одговори претпазливо, велејќи дека консултациите продолжуваат, но ја поздрави одлуката на Велика Британија да испрати тенкови „Челинџер“ во Киев.

Покрај тенковите, Столтенберг рече дека на Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана и оклопни возила, како и муниција и резервни делови, како и подобри способности за одржување на оружјето.

Тој рече дека ситуацијата на фронтот е стабилизирана во последните недели, но и дека долгите жестоки борби во Бахмут ја докажуваат важноста од испраќање повеќе оружје.

„Претседателот Путин не покажува знаци дека се подготвува за мир и затоа мора да разбере дека не може да победи на бојното поле“, рече Столтенберг.

18.01.2023 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега