Митева од Белград: На македонската вечер ќе се претстават 300 винарии
Во рамки на винската визија Владата организира македонска вечер на која ќе бидат презентирани најдобрите храна, вина и пијалоци, рече во видео обраќање владиниот портпарол, Марија Митева.
Ќе има можност да се претстават над 300 мали, средни и големи винарии, да се ужива во македонските специјалитети, а вечерта да виде збогатена со македонските виртуози Андријана Јаневска и Наум Петревски. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе има свое обраќање пред присутните, каде покрај претставниците на македонската дипломатија ќе бидат присутни високи претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, но и многу гости од регионот. Она што е најважно што овие настани во минатото беа организирани и ја чинеа државата 400 илјади евра, истакна Митева.
Оваа година Владата успеа со сопствени ресурси на најдостоинствен начин да го презентира најдоброто од Македонија. додаде Митева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа