Столе Димитриевски направи чудо што се нема случено 50 години

 

Столе Димитриевски е на насловните страници на шпанските спортски медиуми како херој што успеа да го сопре неверојатниот напад на Барселона. Левандовски, Рафиња, Дембеле, Ансу Фати, Обамејанг, се обидуваа, но македонскиот репрезентативен голман беше несовладлив.

Тој е само четвртиот голман во историјата кој успеал на две гостувања по ред на „Камп Ноу“ да остане несовладан против Барселона. Такво нешто се нема случено буквално половина век, од 1972 година.

Во историјата на шпанскиот фудбал само три голмани пред Димитриевски успеале двапати по ред на „Камп Ноу“ да имаат „мирна мрежа“ против Барселона, и тоа Еснаола со Реал Мадрид во 1967/68 и 1868/69, легендарниот Ирибар со Атлетик Билбао во 1970/71 и 1971/72 и Дуесто со Малага во 1971/72 и 1972/73.

Димитриевски е четвртиот голман, а прв по пауза од половина век.

14.08.2022 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега