Српската фудбалска ѕвезда може да заврши во затвор

 

Белградското јавно обвинителство поднесе обвинение против фудбалерот на Реал Мадрод, Лука Јовиќ поради кршење на самоизолацијата во Србија во март годинава.

Тој е обвинет за кривично дело непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата, прецизираа од обвинителството за „Танјуг“.

Обвинителството му предложило на судот Јовиќ да биде осуден на шест месеци затворска казна.

Кривичната пријава против Јовиќ беше поднесена во текот на првата недела по воведувањето на вонредната состојба, откако тој требаше да помине две недели во самоизолација по враќањето во Белград. Наместо во самоизолација тој заврши на забави во белградските дискотеки.

Јовиќ не се сложи да плати глоба од 3,5 милиони динари по што уследи обвинението.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега