Средба Тошковски - Шпинделегер: Зајакнување на соработката во борбата против илегалната миграција

 


Министерот за внатрешни работи денеска оствари работна средба со  генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД Михаел Шпинделегер.

На средбата се разговараше за приоритетите и претстојните активности кои ги презема Министерството за внатрешни работи од аспект на справувањето со илегалната миграција и воопшто зајакнувањето на капацитетите на граничната полиција да одговори на предизвиците кои таа ги носи.

Состанокот заврши со заемно изразена желба за интензивирање и развој на соработката помеѓу Министерството и Меѓународниот центар за развој на миграциски политики.

14.07.2025 - 15:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега