Средба Муцунски – Франгеш: Реафирмирана силната поддршка од Словенија на патот кон ЕУ

 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, оствари средба со специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш.

На средбата стана збор за регионалната динамика и состојбите во Западен Балкан, а притоа беше истакната потребата од забрзување на евроинтегративните процеси, што е од интерес за поширокиот регион. Воедно, беше реафирмирана силната поддршка од Словенија на патот кон ЕУ, како и континуираните заложби за регионална стабилност и просперитет.

Во разговорите беше истакнато дека Словенија останува важен партнер, како за развивањето на капацитетите за остварување на надворешно-политичките приоритети, така и за спроведувањето на реформите, преку споделување на нивните искуства за унапредување на административните и законодавните капацитети на земјата.

Двете страни заеднички ги потврдија одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете пријателски земји, со посебен осврт на трговската размена и целокупните економски релации.

03.07.2024 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега