Средба Меџити-Адерхолт: Ја цениме поддршката на САД за евроатлантскиот пат на Македонија
Претседателот на Демократското движење и прв вицепремиер на Северна Македонија, Изет Меџити остварил средба со републиканскиот конгресмен од Алабама, Роберт Адерхолт на која се разговарало за повеќе клучни прашања кои ги засегаат односите меѓу Северна Македонија и САД, со посебен акцент на зајакнувањето на стратешката соработка меѓу двете земји.
Двете страни, како што соопшти денеска Демократското движење, се согласиле дека продлабочувањето на овие односи треба да остане заеднички приоритет.
Меџити ја потврдил непоколебливата заложба на Северна Македонија за европска интеграција, истакнувајќи дека земјата останува фактор на стабилност во регионот. Тој ја нагласил важноста на сојузништвото со САД како неопходна поддршка за развојот и безбедноста на земјата.
-САД се нашиот главен стратешки партнер и нивната континуирана поддршка останува гаранција за иднината на Северна Македонија. Ја цениме силната и натпартиска посветеност на Соединетите Држави во поддршката на нашиот евроатлантски пат, истакнал Меџити.
Конгресменот Адерхолт ја потврдил посветеноста на САД за зајакнување на партнерството со Северна Македонија и поддршката за нејзината интеграција во евроатлантските структури.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа