Средба Костадиновски-Манке: Зајакнување на капацитетите на Уставен со поддршка од ЕУ фондови
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судиите проф.д-р Ана Павловска-Данева, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева денеска одржаа работна средба со Карстен Манке, тим лидер и негови колеги- експерти ангажирани за спроведување на ИПА 3 проектот кој ќе се применува со цел унапредување на капацитетите на Судот.
Претседателот Костадиновски ги информираше претставниците од експертската група за неговите приоритети во работењето и областите во кои очекува поддршка за зајакнување на капацитетите со помош на инструментот ИПА 3, овозможен преку Европската Унија.
„Клучни компоненти во оваа програма ќе бидат:
1.Подобрени законодавни, нормативни и компетенции на надлежност на Уставниот суд и заштита на основните права;
2. Зајакнати менаџерски, административни и капацитети за човечки ресурси, зголемена транспарентност;
3.Подобрено управување со работата на Уставниот суд и квалитето на уставната правда.
На средбата беше договорена динамиката по која ке се постапува за имплементирање на компонентите од проектот“, стои во соопштението на Уставен испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа