SpaceX подготвува мрежа од стотици шпионски сателити

Компанијата SpaceX подготвува мрежа од стотици шпионски сателити, потврдија пет неименувани извори запознаени со овој проект.

Деловната единица SpaceX Starshield е одговорна за мрежата на шпионски сателити, која во 2021 година потпиша договор вреден 1,8 милијарди долари со Националната служба за извидување (NRO), разузнавачка агенција која управува со шпионски сателити, пренесува Euraktiv.

Доколку проектот биде успешен, значително ќе ја подобри способноста на американската влада и војска брзо да ги забележат потенцијалните цели речиси насекаде во светот, потврдија изворите.

17.03.2024 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега