Сообраќајка кај Железничка, се судрија четири автомобили

Четири возила утрово се судрија кај Железничката станица во центарот на Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата за МИА.

- Изутринава во осум часот на раскрсницата на булевар „Кочо Рацин“ со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“,  пријавена е сообраќајна незгода помеѓу четири возила. Во моментов се врши увид, нема пријавено повредени лица, појаснија од МВР за МИА.

15.07.2024 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега