Сончево и студено време, ноќеска снег во западните делови

Времето денес ќе биде сончево и студено, во западните делови со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од снег.

Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец, јавува УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Во Скопје сончево и многу студено со мала облачност. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

27.11.2023 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега