Спасувачка акција на падините на врвот Љуботен: Повредено лице извлечено со хеликоптер
На 08.06.2025 во 13.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на непристапен терен на падините на врвот „Љуботен“ има повредено лице и потребно е негово извлекување.
Во 19.45 часот со хеликоптер од АРМ подигнато е повреденото лице Ј.С.(57) од с.Рогачево, тетовско и е транспортирано во Комплексот клники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош.
Додека, полициски службеници и месното население од местото во добра здравствена состојба биле преземни и лицата Ф.Ф.(45) од Скопје и С.С. од с.Рогачево, по што биле пренесени во с.Старо Село, тетовско.
09.06.2025 - 14:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа