Смртна мистерија: Пeтмина руски планинари загинаа при искачување на седмиот највисок врв во светот

 


Пeтмина руски планинари загинаа при искачувањето на седмиот највисок врв во светот, потврди денеска организаторот на експедицијата во Непал.

Руските планинари се искачија на планината Даулагири висока 8.167 метри. Во Непал во моментов е во тек есенската сезона на качување. Планинарите беа исчезнати од неделата, а денеска нивните тела беа забележани од спасувачки хеликоптер, изјави Пемба Џангбу Шерпа од I AM Trekking and Expeditions, со седиште во Катманду.

Се уште не е одлучено дали, кога и како телата ќе бидат симнати од планината. Таквата операција би барала обемно планирање, работна сила и соодветна опрема. Двајца руски планинари всушност стигнаа до врвот, додека останатите планинари почнаа да се враќаат без да стигнат до врвот. Меѓутоа, тогаш радио контактот меѓу нив и членовите на тимот во базниот камп беше изгубен, вели тој.

Минатиот месец започна есенската сезона на качување, која не е толку популарна како пролетната сезона. Планините се помалку преполни, а таксите за дозволи се пониски, пишува Асошиетед прес.

08.10.2024 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега