Скопјани со ножеви се шетале во Центар и Аеродром - полицијата ги приведе
Во текот на вчерашниот ден полицијата приведе двајца скопјани кои со ножеви се шетале во Центар и Аеродром.
Вчера во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Д.(22) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
Пет минути подоцна во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Ј.(28) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
22.02.2025 - 12:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа