Скандал во ПСЖ: Нејмар ја „украде“ вереницата на соиграч

 

Нов скандал го тресе Пари Сен Жермеин и во центарот е првата ѕвезда на тимот Нејмар.

Бразилските медиуми пишуваат дека Нејмар успеал да ја „освои“ вереницата на голманот Кевин Трап, манекенката Изабел Гулар.

Трап има договор со „светците“, но брани за Ајнтрахт на позајмица. Неговата избраница остана во Париз поради обврските кои ги има како модел.

Медиумите пишуваат дека меѓу Трап и Изабел сѐ функционирало добро до периодот на карантин поради коронавирусот кога се одвоиле, а целата ситуација ја искористил Нејмар за да почне нова авантура.

Нивната врска се интензивирала, а минатиот месец дури заедно биле и на летувалиштетот Сен Тропе.

За работата да биде уште полоша Трап за 10 дена ќе мора да се јави на повикот во ПСЖ зашто му истече позајмицата во Германија и соблекувалната ќе мора да ја дели со Нејмар.

 
 
 
View this post on Instagram

Secret garden

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart) on Apr 19, 2020 at 10:02am PDT

11.07.2020 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега