Синдикатот на војници поднесе кривична пријава против 17 лица - дел се во блиска роднинска врска меѓу себе

 


Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе трета кривична пријава за, како што велат, фалсификат направен врз синдикатот, спроведен во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а реализиран во Министерство за одбрана.

- Кривичната пријава е поднесена против 17 лица поради основано сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик и „злосторничко здружување“ по член 394 од Кривичниот законик, кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од Кривичниот законик и кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 од Кривичниот законик, стои во сопштението. 

Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје информира дека се работи за група од осум припадници на Армијата (З.П. О.Г, С.Д, С.С.Ф.Л, А.П, С.К, И.И), двајца поранешни припадници во Армијата (А.А, С.Г), две лица вработени во Министерството за социјална политика, демографија и млади (Р.Л, Л.К), едно лице вработено во банка (Д.Н) и четири цивилни лица.

-Дел од оваа криминална група се во блиска роднинска врска меѓу себе и се дел од претходни кривични пријави доставени до ОЈО од страна на синдикатот. Целта на оваа група е придобивање на финансиски средства на незаконски начин и уништување на Независен синдикат на професионални војници СО Скопје. Се надеваме дека ОЈО Скопје бргу ќе реагира на овие пријави со цел да се спречи дејствувањето на оваа криминална група, се наведува во сопштението. 

12.11.2024 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега