Сијарто: Унгарија го гледа потенцијалното враќање на Трамп на власт како шанса за мир во Украина
Унгарија го гледа потенцијалното враќање на Доналд Трамп на функцијата претседател на САД на изборите во ноември како „шанса за мир во Украина“, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Во интервју за Ројтерс во Вашингтон, Сијарто рече дека целта на Будимпешта е да стави крај на војната во Украина преку мировни преговори во кои учествуваат Русија и Украина.
„Верувам дека мора да има многу силно надворешно влијание, за двете страни барем да седнат на преговарачка маса. Кој може да го направи тоа во наредниот период? Само Трамп, ако биде избран“, рече Сијарто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа