Ќе има и новогодишна кошница: Знаеме дека трговците удираат по производите кои на граѓаните им се најпотребни, вели Дурмиши
Есенската кошница, владина мерка која заврши од вчера ги даде очекуваните резултати, смета министерот за економија Бесар Дурмиши.
На прес-конференција во Министерството рече дека цените на производите во маркетите се стабилизирале. Вели дека цените се намалиле во просек за 5 до 10%, појаснувајќи дека кај дел од производите немало никакво опаѓање.
Најави и новогодишна кошница.
-На крајот на годината, може да се каже и божиќна и новогодишна. Значи, не е проблем името колку што е дека во тој временски период тие одредени производи кои им требаат повеќе на граѓаните, значи знаеме дека трговците удираат на тие производи и ги покачуваат цените, ние сакаме во тој временски период да донесеме мерка или одлука во Влада за да бидат ставени цените на тие производи. Вели Дурмиши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа