Шпанија ќе ја тестира продуктивноста на работната недела од 4 дена

Шпанската влада во петокот ја лансираше пилот шемата дијајнирана да им овозможи на малите и средните компании да ги тестираат ефектите на скратената работна недела, без губење на плата или намалување на продуктивноста.

Шемата ќе се тестира во текот на наредните две години со компании кои бараат реформи на работните навики кои можат да генерираат зголемена продуктивност. Компаниите кои се заинтересирани да се приклучат на шемата мора да се обврзат дека работните саати ќе ги скратат за најмалку 1/4 од вкупниот персонал.

За возврат тие ќе добијат државна помош која ќе биде компензација за намаленото производство, како и за дополнителните административни трошоци кои може да резултираат од шемата. Откако ќе се проценат ефектите врз продуктивноста, владата ќе одлучи дали шемата ќе се прошири на остатокот од шпанската економија.

 

Изминатите години неколку големи шпански компании, меѓу кои и телеком гигантот Telefonica и модната групација Desigual, тестираа или во некои случаи дури усвоија 4-дневна работна недела. Сепак, некои од тие компании се индустриски гиганти, кои има ја скратија платата на вработените кои работат 4 дена неделно.

20.12.2022 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега