Шолц: Русија не е толку силна како што мислат луѓето

 

Од воен аспект руската војна во Украина е „брутална“, оцени германскиот канцелар Олаф Шолц во Бундестагот и посочи дека Русија сепак не е толку силна.

На домашен план, како што тврди, „репресивниот“ руски систем покажува знаци на недостаток на сила, објави „Велт“.

Шолц нагласи дека Германија и Европа ќе и помагаат на Украина се додека можат.

„Ако претседателот на Русија верува дека само треба да ја запре оваа војна и дека нашата поддршка ќе ослабне, тогаш греши“, додаде тој.

Според него, Германија и Франција, Вајмарскиот триаголник, целата Европска Унија се заедно и тоа е и пораката што ја испраќаат до Русија со сите овие одлуки.

Шолц се осврна и на, како што тврди, „фалсификуваните избори“ во Русија и „прогонот“ на опозицијата.

„Исклучувањето од изборот на претседателските кандидати кои немаат голема перспектива, но можат да добијат премногу гласови – ништо од ова не е знак на сила“ изјави германскиот канцелар пред дводневниот самит на шефовите на држави и влади на ЕУ во Брисел.

На утрешниот самит, меѓу другото, фокусот ќе биде на поддршката за Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан и други теми како миграцијата и земјоделството.

20.03.2024 - 22:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега