Шевченко: Против Македонија ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто од нас

 

Фудбалските репрезентации на Украина и Македонија ќе одиграат натпревар во второт коло од групата Ц, од кој ќе зависи пласманот на двете репрезентации на овој шампионат во наредната рунда, а селекторот на Украина вели дека ќе го извлечат најдоброто за да победат, прекесува Курир.

Поразот од Холандија не ја намалува самодовербата кај селекторот на Украинците Андриј Шевченко кој е оптимист за следните два дуели кои ќе ги играат на ЕП.

„Се враќаме во хотелот и веднаш го започнуваме процесот на подготовка за следниот меч. Ќе го гледаме дуелот на Македонија со Австрија. Ќе се обидеме да извлечеме од најдоброто што го направи австриската репрезентација за да победи. Знаевме и пред првенството дека овој дуел ќе одреди кој ќе биде нашиот конечен пласман. Многу од момците се потрошија, ќе видиме кој ќе се опорави доволно за да настапи против Македонија“, вели украинскиот селектор.

15.06.2021 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега