Седум осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор
На седум од вкупно 24 лица, осомничени за пожарот во Кочани, мерката ефективен притвор им се заменува со мерка куќен притвор, информираат од Основниот суд Кочани.
-По поднесените предлози за определување на мерка притвор а врз основа на донесена Наредба за истражна постапка Ко бр.180/25 од 20.03.2025 година на ОЈО Кочани, од страна на Судија на претходна постапка беа определени вкупно 24-дваесет и четири мерки за обезбедување на присуство –притвор, од кои по изјавена жалба од осомничените преку нивните бранители изречената мерка притвор беше замената со мерка куќен притвор за тројца осомничени, а во понатамошниот тек од постапката по даден предлог на ОЈО Кочани за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор за 4-четири осомничени беше определена мерка куќен притвор, се вели во соопштението објавено на веб страницата од Судот.
Спрема сите осомничени по дадените предлози за определување мерка за присуство по донесената Наредба за спроведување на истражна постапка Ко бр.180/25 од 20.03.2025 година од страна на ОЈО Кочани, беше доставен предлог за продолжување на овие изречени мерки до Основен суд Кочани и по вака изјавените предлози за продолжување на претходно определените мерки за обезбедување на присуство се постапува во определените законски рокови.
-По поднесените предлози за определување на мерки за обезбедување на присуство а врз основа на донесена Наредба за проширување на истражна постапка за нови лица Ко бр.180/25 од 12.04.2025 година на ОЈО Кочани, спрема 19-деветнаесет осомничени од кои за 4-четири осомничени беше предложена мерка притвор која со решение на Судијата на претходна постапка беше определена спрема истите, спрема 8-осум од осомничените беше предложена мерка куќен притвор, истата Судијата на претходна постапка беше определена спрема овие 8-осум осомничени, додека спрема 7-седум осомничени беа предложени мерки на претпазливост и истите со решение на претходна постапка се изречени спрема осомничените, се вели во соопштението од ОС Кочани.
По изјавени жалби од страна на осомничените, Советот при Основен суд Кочани постапува по истите во законски предвидениот рок и кога ќе бидат донесени одлуки од овој Совет, судот повторно ќе даде соопштение за исходот од постапувањето Советот од чл. 25 став 5 од ЗКП.
Според инфомациите на дел од медиумите, меѓу лицата на кои им е заменет притворот со куќен притвор, се и екс градоначалник на Кочани Љупчо Папазов и поранешниот директор на ДПИ Горан Трајковски, како и еден член од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа