Почина холивудската легенда Роберт Редфорд
Холивудската легенда Роберт Редфорд почина на 89 години. Актерот и режисер имаше богата кариера и беше најпознат по своите улоги во „Буч Кесиди и Санденс Кид“ и „Сите луѓе на претседателот“.
Редфорд е добитник и на Орскар за режија во два наврати. 1981 година за „Обични луѓе“, а во 2002 и почесен Оскар.
-Роберт Редфорд почина на 16 септември во својот дом во Санденс во планините на Јута – местото што го сакаше, опкружен со оние што ги сакаше. Многу ќе ни недостига. Семејството замолува за приватност во овие мигови, изјави неговата портпаролка Синди Бергер за Си-Ен-Ен.
Неговата страст кон уметноста на снимањето филмови доведе до создавање на Институтот Санденс, непрофитна организација која поддржува независен филм и театар и е позната по својот годишен филмски фестивал Санденс.
Редфорд беше ангижиран екологист. Се пресели на планините на Јута во 1961 година и беше активен во напорите за зачувување на природниот пејзаж на државата и американскиот Запад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа