Се враќа снегот во Македонија - Подгответе се за студен бран
Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер, над 60 километри на час. Претпладне, претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка, со висина од два до 10 сантиметри.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека потоа ќе следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Минимална температура ќе биде во интервал од - 9 до -1, а максималната од седум до 22 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа